Трамп: "Хамнеи треба да биде многу внимателен со своите зборови"

Точка

18/01/2020

17:21

2.703

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп му порачал на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој го нарекол "кловн", да внимава што зборува.

"Таканаречениот врховен лидер на Иран, кој неодамна и не беше толку духовен, кажа некои грозни работи за САД и Европа", навел Трамп на Твитер.  

"Нивната економија се распаѓа, а нивните луѓе патат. Треба да биде многу внимателен со своите зборови", додал Трамп, пренесува "Reuters"

Ајатолахот го нарекол Трамп кловн, кој, како што рекол, само се преправа дека го поддржува иранскиот народ, а на крајот ќе го застрела со отровна стрела во грб.




Спонзорирани линкови

Маркетинг