Градинари пронашле завиткана црна ќеса за ѓубре: Сликата на познатиот уметник била 20 години на неверојатно место

Точка

18/01/2020

11:16

1.795

Големина на фонт

а а а

Сликата украдена пред 20 години и случајно пронајдена пред 5 недели во Пјаченца во северозападна Италија, претставува оригинално дело на австрискиот сликар Густав Климт, соопштија денеска италијанските правосудни власти.

“Со голема возбуда можам да потврдам дека пронајдената слика е оригиналот”, рекла адвокатката надлежна за истрагата, Орнела Чика. 


Музејот во Пјаченца бил затворен во февруари 1997 година поради градежни работи и во тоа време билo украденo делото “Портрет на една дама”.

На 10-ти декември, градинарите случајно ја пронашле сликата додека го чистеле надворешниот ѕид на музејот. Чистејќи го бршленот на ѕидот, наишле на вентилационен отвор во кој имало нешто завиткано во црна кеса за ѓубре. Во ќесата била сликата без рамка.


Директорот на музејот, Масимо Ферари, во првата реакција рекол дека постојат индиции дека тоа би можело да биде украдената слика. Климт ја насликал “Портрет на една дама” во 1916 и 1917 година.

Сликата го привлече светското внимание во 1996 година кога студентката по историја на уметност, Клаудија Мага, придонела за откривање на уште еден портрет кој се криел под првиот.


Густав Климт (1862-1918) бил австриски симболистички сликар и еден од основачите на Виенската сецесија. Неговите дела вклучуваат слики, мурали, цртежи и други уметнички дисциплини, особено применета уметност. Примарниот предмет на Климт бил женското тело, а неговите дела биле исполнети со еротицизам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг