Гвардиола со изненадувачки коментар за контроверзната забава на неговите играчи: Бев запознаен со тоа

Дерби

17/01/2020

21:30

2.099

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити ја декласираше Астон Вила минатиот викенд со 1:6 и покажа моќ на гостувањето во Бирмингем, но во изминативе 48 часа, поголемо внимание привлекоа информациите кои ги пренесоа англиските таблоиди.

Медиумите од Островот проследија докази и информираа дека играчите на Сити си организирале „приватна забава“ по споменатиот меч, во која им се придружиле 22 ескорт девојки кои на социјалните мрежи се прокламираат како „инфлуенсерки“. На социјалните мрежи се појавија и фотографии од провокативните девојки кои се снимиле во еден луксузен хотел во Манчестер, а се верува дека нивна задача била да ги забавуваат ѕвездите на Сити.

Пеп Гвардиола денеска доби прашање на оваа комплексна тема, а сосема изненадувачки, шпанскиот стручњак истакна дека знаел дека неговите играчи се излезени таа вечер, иако тој бил информиран дека ќе имаат вечера во ресторан.

– Бев упатен и запознаен со толку споменуваната вечер. Кога имаат време, играчите знаат да вечераат заедно и често викаат и луѓе од стручниот штаб. Знаев за тоа и мило ми е кога играчите се собираат заедно, надвор од секојдневната пракса на тренинзите. Немам ништо против тоа, – изјави Гвардиола кој сепак не навлегуваше во детали и не кажа ништо за девојките од Италија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг