„Кога твојот студентски живот би бил филм, како би се викал? - „Самоуништување““

Точка

17/01/2020

18:37

2.947

Големина на фонт

а а а

Радио МОФ и овојпат на својот Фејсбук профил објавија за јавноста интересно, но и реално видео во кое главната улога ја толкува студентот Александар, а сценариото се одвива во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ - Скопје.

Во стил на функционерите од СДСМ кои деновиве објавуваат видеа на кои одговараат на 30 секојдневни прашања, студентот Александар шетајќи се низ студентскиот дом кој како што може да се забележи е во ктастрофална состојба, дава интересни одговори - како на пример дека омилениот дел од живеењето во домот му е дружбата, а најнеомилениот навикнување на тоалетите во самиот студентски дом.

Доколку студентскиот живот би бил филм тогаш без сомнеж би го носел насловот „Самоуништување“.

Сепак, Александар искрено вели дека и покрај сите недостатоци сепак повторно би избрал да живее во домот поради тоа што дружбата со студентите од различни градови низ Македонија е незаменлива.

Сите прашања и одговори на Александар погледнете ги тука:



Спонзорирани линкови

Маркетинг