Првиот скандал по Мегзит: Меган Маркл добила непристојна понуда за нејзината понатамошна кариера

Точка

17/01/2020

18:12

7.950

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари добиле многубројни понуди откако го напуштија кралското семејство, а една од тие понуди предизвикала голем скандал.

Станува збор за понудата која ја добила Меган Маркл да биде дел од сајт за возрасни кој што изобилува со експлицитни содржини.

Ѝ нудат позиција на директорка на “посебни иницијативи“, односно нејзината задача ќе биде да ги надгледува нејзините вработени.

Шефовите од таа страница за возрасни велат дека Меган Маркл би била совршена за таа положба затоа што сигурно би пронашла креативни решенија, а потпретседателот Харли Хуџенс вели:

„Докажавте дека личност која нуди различни креативни решенија и интересни начини за истите би го направиле светот подобро место за живеење. Поради тоа сте совршени за оваа позиција“.


Додал и дека нивната корпорација ги следи вестите за „Мегзит“ и дека сфаќаат дека тие се трудат да создадат живот надвот од кралската палата.

„Знаеме дека ќе имате многу заслужени и интересни можности, но би сакале да ви понудиме единствена позиција“ - вели Хуџенс.

Не додале колкава би била годишната плата на Меган Маркл ниту пак колку часа дневно ќе мора да работи, но очигледно се надеваат на одговор и тоа позитивен затоа што понудата ја завршиле вака:

„Се радуваме на вашиот одговор и придружување во нашето семејство“ - заклучиле тие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk