Секој ден на својот сопруг во пивото му ставала лаксатив да за престане да пие - целта била јасна, но крајот морничав

Точка

17/01/2020

17:03

7.301

Големина на фонт

а а а

Не можела ни да сонува дека ова ќе се случи. По советувањето од различни интернет страници и форуми, Мишел, млада жена од мексиканската сојузна држава Синалоа, смислила план како својот сопруг Хосе Брајан да го натера да престане да пие.

Мишел успеала да набави мешавина од рицинусово масло и екстракт од сливи па почнала по неколку капки од тоа да става во пивските шишиња за да станат благи.

Хосе на полицијата ѝ раскажал дека му било чудно тоа што неговата сопруга постојано му се нудела да му отвори ново пиво, но едноставно дозволил да биде така.

Кога природните лаксативи почнале да делуваат, Мишел почнала да го уверува својот сопруг дека дијареата е знак на алергија која најверојатно се појавува поради алкохолот.

Меѓутоа, тоа не го натерало нејзиниот сопруг да се откаже од уживањето во алкохол па почнал да пие и таблети за желудник, а истовремено продолжил да пие како и вообичаено.


Жената потоа почнала да става повеќе лаксатив во неговите пијалаци, а следното утро дијареата била толку многу поголема што Хосе не можел да појде до тоалет.

Симптомите вклучувале и силна дехидрација, станале толку многу лоши што сопругата немала голем избор туку да го однесе во болница.

Кога го прашале за причините за дијареа, мажот наводно одговорил дека повеќе никогаш нема да пие пиво затоа што освен тешкотии во желудникот пател и од сериозни грчеви поради кои не можел ни да седи.

Мишел на крајот признала дека таа е виновна за неговата дијареа. Одведена била во притвор, а локалните медиуми пишуваат дека најверојатно истата била и обвинета. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг