Почина популарниот Роки: Планетата се прости од борачот и татко на холивудската мегаѕвезда Двејн Џонсон

Точка

16/01/2020

18:40

7.147

Големина на фонт

а а а

Роки Џонсон, некогашниот професионален борач и татко на Двејн Стен Џонсон, почина на 75-годишна возраст.

Неговата смрт ја потврдиле во средата од WWE. Причината за смртта не е откриена. Џонсон чие вистинско име е Вејд Даглас Боулс, стана популарен во осумдесеттите години кога влезе во WWE светот.

Познат е под прекарот “сродна душа“. Тој се пензионираше во 1991-та година, а исто така му помагал на неговиот син во тренинзите за денес да стане холивудска ѕвезда.


Роки е роден на 24-ти август 1944-та година, а пораснал во Канада каде што како тинејџер почнал да се занимава со борење. Во тинејџерските години работел и како боксер па имал и неколку спаринг тренинзи со Мухамед Али и Џорџ Форман. Но, сепак тој го избрал борењето како професија и во индустријата влегол во 60-те години.

„Ме тепаше во сала секој ден и тоа со години. Го мразев тоа кога бев дете, но благодарен сум на тоа како маж“ - изјавил во некоја прилика Двејн.

Го зел името Роки Џонсон, а го опишувале како “физички нереален и диво харизматичен“. Останал запомнет по дроп кикот, а многумина имале впечаток дека ѝ се спротиставувал на гравитацијата.

Од него се простил и популарниот Трипл Ејџ:

„Голема загуба за секој навивач на WWE, Роки Џонсон беше изведувач кој ги рушеше бариерите. Нашите мисли се со неговото семејство во овој момент“.

Исто така и Мет Харди кој ѝ е добро познат на нашата публика се простил од популарниот борач:

„Тажен сум што слушнав дека почина Роки Џонсон. Роки отсекогаш беше екстремно пријателски настроен и беше љубезен секојпат кога разговарав со него во последните години. Моето сочувство и мисли се со неговото семејство“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг