„Would you know my name if I saw you in heaven?“ - тажната приказна на хитот Tears in Heaven на Ерик Клептон

Точка

16/01/2020

15:35

2.575

Големина на фонт

а а а

Пред 28 години, Ерик Клептон го снимил својот unplugged албум за „MTV“. Сетот ги вклучувал и сингловите Tears in Heaven и Layla во акустична верзија.

Клептон овој албум го снимил во Англија, во живо пред публика.

Албумот ја претставувал една од ретките unplugged сесии која била многу успешна.

Остварувањето освоило шест Греми награди во 1993-та година и станал најпродаваниот лајв албум на сите времиња и секако најуспешниот албум на Клептон воопшто продавајќи се во над 26 милиони примероци ширум светот.

Албумот го оживеал интересирањето на јавноста за музичарот бидејќи претходно тој одредено време се повлекол од музичката сцена откако неговиот 4-годишен син Конор починал.

Неговиот син паднал од прозорец од 53 кат на њујоршкиот стан во кој престојувала пријателка на неговата мајка.

Вонвременскиот хит Tears in Heaven е посветена токму нему.

Една година претходно, Клептон доживеал уште една трагедија. Неговиот менаџер, двајца од екипата и пријател музичар Стиви Реј Вон починале во хеликоптерста несреќа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг