„Сестрата на кралицата Елизабета ме допираше кога имав 23 години“

Супермен

15/01/2020

20:45

4.849

Големина на фонт

а а а

Шкотскиот актер Брајан Кокс (73) тврди дека сестрата на кралицата Елизабета II, Маргарета го допирала кога имала 23 години.

Маргарет го запознала Кокс кога бил на почетокот на кариерата, а деталите актерот ги открил во интервју за „Guardian“.

„Играв претстава во Кралскиот национален театар во Лондон. Тој ден кога ја запознав ми беше роденден. Добив подарок црвена маица која ја облеков непосредно пред да ме претстават кај принцезата Маргарет“ - изјавил тој, а пренесуваат од „Mirror“.


„Ми ја стави раката на маицата и рече: „Ова е баш убава маица“. Потоа полека со прстите почна да оди по моето тело под маицата. Ми рече: „Ух“. Што да правиш кога те допира некој од кралското семејство? Беше тоа малку смешно“ - додал актерот.

Кокс истакнал дека ништо повеќе од тоа не се случило меѓу нив туку дека Маргарет само зборувала колку бил “прекрасен на сцена“ и дека сака да дознае нешто повеќе од тоа.

„Сакаше да знае нешто повеќе за мене. Беше неверојатно суштество. Ѝ се извинив и ѝ се заблагодарив. Така заврши сè“ - додал Кокс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk