Најстарите жители на светот открија зошто живеат подолго од еден век - нивните совети се драгоцени

Точка

15/01/2020

19:20

5.610

Големина на фонт

а а а

За да живеете подолго треба да пронајдете страст во својот живот. Тоа е советот кој го дал доктор Макото Кузуки.

Работи во Окинава, Јапонија, каде што голмиот број на жители проживеале речиси еден век т.е. проживеале 100 години од нивниот живот.

Познат како “остров на смртници“, жителите на ова место се едни од најстарите луѓе на светот, а за долговечниот живот имаат своја тајна.

Доктор Сузуки вели дека “тајната“ на долговечниот живот е постигнување и одржување на икигаи, подвижни сили и желби и волја за одредена страст.

Икиаги може да се пронајде на различни места и различни начини. На некои тоа им е хоби, нешта со кои секојдневно се занимаваат, на другите тоа им е чување на деца.


Хобу Хига, мајка на шест деца која неодамна го прославила својот 100-ти роденден, вели дека локалната традиција на моаи е групна поддршка на жителите и дека токму таа ѝ помогнала во долговечноста. Исто така таа вели дека пешачењето и социјализацијата со другите жители се работите кои ѝ помогнале во оддржување на долговечноста.

Другите места каде што има долговечен живот се Монако поради одличното здравство и медитеранска исхрана, Сан Марино поради локалната домашна храна и живот со мала количина стрес, Исланд поради исхраната која е базинара на риба.

Во местата со најстари жители уште припаѓаат и Сингапур, Грција, Калифорнија, Италија и Костарика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг