Ангелски убавата мисица паднала на сцена, а тоа што ѝ испаднало од ракавот на фустанот целата земја ја оставило во шок...

Точка

13/01/2020

20:43

10.950

Големина на фонт

а а а

Мисицата на Белгија, Селин Ван Оутсел со титулата се закитила во саботата, а многу е веројатно дека ќе биде запамтена помалку поради круната, а повеќе поради интересниот инцидент во кој главна актерка била токму таа.

Убавата русокоса во текот на одењето по пистата во еден момент паднала, што можеби и не е редок момент, но тоа што следело подоцна е...

На оваа 23-годишна девојка во моментот на падот ѝ се откопчал градникот кој потоа ѝ испаднал низ ракавот од фустанот, а снимката набрзо станала вирална на социјалните мрежи.

Селин сето тоа не ја обесхрабрило, таа станала и продолжила да оди со насмевка на лицето па дури ја оправдала и улогата на фаворит на натпреварот и заминала како вистински победник.

„Само морав да станам како што често мора да правите во животот“ - кратко прокоментирала оваа правничка откако видеото се проширило на интернет.

„Мојот сон се оствари. Тешко ми е да поверувам, но јас сум вашата Мис Белгија 2020-та. Многу сум среќна, воодушевена и благодарна. Им благодарам на сите кои ме поддржуваа на патот до мојата круна. Толку многу сум мотивирана што ја започнав оваа година како мисица. Не можам да ви го опишам ова чувство. Ќе дадам сè од себе да бидам што подобра. Верувајте во себе и никогаш немојте да се откажувате“ - напишала оваа убавица на социјалните мрежи. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг