Надја Бокоди е позната секс блогерка, а сега открива кое е прашањето кое ги мачи мажите кога станува збор за интимата.
Слушнавте за многубројните истражувања кои докажале дека на жената не ѝ е важна величината на половиот орган туку другите работи како што се предиграта и самиот чин на сексот, но тоа не значи дека мажите не размислуваат дали се “вклопуваат“ или не во некои женски стандарди.
Надија тврди дека секој ден добива голем број мејлови од стана на мажите кои ја прашуваат дамо едно исто прашање - “дали големината е важна?“.
„Никогаш не можев да се подготвам на волкав број мажи за кои големината на пенисот всушност е еден голем проблем. Уште од мали нозе, мажите се оптеретени со големината на пенисот па некои дури и во училиште ги мереле со линијар и ги споредувале. Едно истражување објавено во „ Pub Med“ докажало дека дури 68 отсто од мажите чувствуваат дека нивната големина не е задоволувачка“ - истакнува Бокоди и додава дека мажите одбиваат да сфатат дека на жените повеќе ги интересира сексуалното внимание отколку величината на пенисот.
Се претпоставува дека во големината на “машката гордост“ мажите ја гледаат својата машкост, а 8.000 години наназад па дури и кај примитивните народи пенисот бил симбол на моќ и плодност.
Како жените реагираат на големината?
„Ретко да сум слушнала некоја жена како вели “неговиот пенис не беше доволно голем“ и мажите тоа треба да го сфатат еднаш засекогаш - нас тоа не нè интересира“ - вели Надја и додава дека знае дека и по ова мажите секогаш ќе ѝ го поставуваат истото прашање, а таа ќе им го дава одговорот:
„Не е важна големината туку магијата на волшебникот“.