„Кенеди ми е татко, а мајка ми сакаше да убие тројца мажи“ - испливаа кралските валкани тајни

Кармин

20/12/2019

16:16

11.234

Големина на фонт

а а а

Кристина Оксенберг (56) е ќерка на принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, сестра на холивудската актерка Катарина Оксенберг и роднина на британското кралско семејство, а сега шокирала со мемоарите кои ги објавила и изнела детали од своето семејство.

Почнала од својата сестра и нејзиниот брак со продуцентот Роберт Еванс кој траел само девет денови, а мемоарите ги завршила со деталите за наводната афера на нејзината мајка, принцезата Јелисавета со Џон Ф. Кенеди.

„Мајка ми е принцеза од земја која повеќе не постои. Татко ми почина во 2010-та година, беше Евреин од Балканот. Работеше во индустриј за облека“ - навела Кристина.

„И мајка ми и татко ми се однесуваат многу лошо. Мојата мајка имаше афера со Џон Кенди додека била бремена со мене и сите го знаеле тоа. Тоа било јавно, а тоа што го правела било “прст во око“ за Хауард. Како принцеза, успеала да го надмудри и да го добие претседателот“ - продолжува Кристина.


„Претседателот Кенеди во меѓувреме починал, верувајќи дека јас сум неговата ќерка“ - нагласила таа.

Бракот на нејзините родители траел само шест години, а од семејството таа била целосно оттуѓена.

„Кристина е многу паметна, добар писател и совршена за маркетинг. Знае како да ја искомбинира фантазијата со фактичкото и на тој начин ја промовира својата приказна“ - бил коментарот на Јелисавета за информациите кои ги изнела нејзината ќерка.

Српската кнегиња Јелисавета Караѓорѓевиќ своевремено зборувала за својата афера за блискоста со Кенеди.


„Пред одењето за Далас, претседателот ме повика по телефон, но јас не бев дома. Полицијата подоцна ги проверувала повиците од Белата Куќа. Ме прашаа кој ми телефонираше од тој број, но јас искрено одговорив дека не знам“ - рекла Јелисавета.

Откако родителите им се развеле, сестрите Оксенберг се преселиле во Англија.

„Ја запознав кралицата Елизабета II на чај во Бакингемската палата. Нејзиниот сопруг, принцот Филип е Грк како и мојата баба, принцезата Олга така што тие двајца беа многу блиски“ - рекла Кристина.


Ги посетувала и забавите на Џефри Епстајн во текот на 1990-те години, а таму одела и Гислејн Максвел, некогашната девојка на Џефри Епстајн за која се зборувало дека подводувала малолетнички.

„Кога ќе ме видеше ми велеше: “една моја пријателка“. А, потоа ќе се смееше, тоа ѝ претставуваше задоволство“ - напишала Оксенберг.

„Тие беа измамници, а тој беше водачот. Тој е мој роднина и јас многу го сакам и разбирам дека тоа што е глупав не го прави лоша личност“ - напишала таа за принцот Ендру.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk