Мараја Кери ја прославува 25-та годишнина на еден од своите најголеми хитови, „All I Want For Christmas Is You“, а по тој повод дошла во Емпаер Стејт Билдинг во тесна сребрена тоалета со длабоко деколте.
На фотографиите и снимките јасно се гледа дека се вовлекла во неколку броеви помал корсет, кој ја стеснил, а поради него нејзините движења биле чудни.
Освен што струкот во однос на градите бил претесен, јасно се гледала линијата на колковите каде ја притискал тесниот корсет.
Освен тоа, за време на интервјуто со новинарите, Мараја изгледала како едвај да дише, а насмевката на лицето ѝ била замрзната.