Галијани откри каква примамлива понуда му доставил на Ибрахимовиќ

Дерби

15/12/2019

15:32

2.606

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ јасно стави до знаење дека ќе се врати во Италија и сите најави велат дека ќе потпише договор со Милан, но со оглед на тоа што се уште нема било каква официјална информација, во јавноста се појавуваат и изјави поврзани за понудите кои ги добива шведскиот напаѓач.

Се верува дека Ибра има најмалку 5-6 понуди од различни клубови во Италија, а интересно, еден од нив е и третолигашот Монца во кој главниот збор го имаат Силвио Берлускони и Адријано Галијани, поранешните водечки луѓе на Милан.

– Откако претседателот Берлускони ми даде зелено светло, направив исчекор и доставив понуда до Мино Раиола. Сепак, тој ми кажа дека треба да зборувам директно со Златан. Затоа, му понудив две и пол годишен договор. Му го кажав следното: Дојди кај нас, ќе играш шест месеци во Серија Ц, наредната сезона во Серија Б, а за две години ќе бидеме во Серија А, – открива Галијани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг