Седум возила учествуваa во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Скопје

Макфакс

15/12/2019

12:08

6.335

Големина на фонт

а а а

Утрово во 06.45 часот на крстосница од булеварот „Александар Македонски“, улицата „16-та Македонска Бригада“ и улицата„Интернационални Бригади“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале седум возила.

Како што информира МВР, во сообраќајката учествувале товарно моторно возило, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(25) од Скопје, товарно моторно возило,„митцубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(27) од Велес, патничко моторно возило „дачија данкер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Скопје, патничко моторно возило„фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(44) од с.Грушино,скопско, патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(62) од с.Миладиновци,скопско и патничко моторно возило„фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(30) од с.Брњарци,скопско.

Во незгодата со тешки телсени повреди се здобила С.Д.(51) од Скопје, сопатник во патничкото моторно возило„фолксваген туран“ а кај четворица останати учесници во незгодата биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг