Пејачот искористил снимка од својата поранешна девојка за својот нов хит

Точка

14/12/2019

16:39

4.456

Големина на фонт

а а а

Пејачот ги израдува своите фанови со нова песна, но што ќе каже неговата поранешна девојка кога ќе си го чуе гласот во неа?

Хари Стајлс ја објави новата песна “Cherry” во која светот има прилика да чуе снимена говорна порака на француски јазик за која фановите се убедени дека ја снимила Камил Роу, манекенка и поранешна девојка на пејачот. Парот беше во врска од 2017 до 2018 година.


Иако не се споменува нејзиното име во песната, Хари изјавил дека побарал дозвола за користење на снимената порака. 

“Кога го преслушувавме албумот, ја прашав дали може да го додадам тоа. Сакав да знае како се чувствував во тој момент. Не беше во ред и навистина беше така. Бидете тажни кога работите не се одвиваат онака како што вие би сакале. Постојат делови кои се исклучително патетични”, изјавил печајот.

Во песната јасно е дека станува збор за пар кој се разделува и текстот на “Cherry” јасно става до знаење дека не му е лесно и нему, пишува “Men’s Health”.

“Ми недостига твојот акцент и твоите пријатели... Дали знаеш дека уште зборувам со нив?”, стои во текстот на песната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг