“За*би го ова”: Станал вистински хит на итернет поради начинот на кој си дал отказ

Точка

14/12/2019

16:14

5.619

Големина на фонт

а а а

Еден поранешен работник на Старбакс станал вистинска ѕвезда на интернет откако на социјалните мрежи се прошири снимката од неговото необично давање на отказ.

Имено, Анести Данелис се одлучил овој, за некого тежок момент, да го овековечи со песна пред сите клиенти во кафулето. 

“Здраво на сите, може ли на кратко да го добијам вашето внимание? Тука работам веќе неколку години и беше убаво да се работи тука. Имам песна за мојот менаџер, но се надевам дека и вие ќе уживате во неа”, направил Анести краток вовед пред песната.

“Драг менаџеру, веќе долго време работам тука, имам нешто што би сакал да ти го кажам па мислев дека тоа би можел да го раскажам преку песна. За*би го ова, давам отказ, за*би го ова место, давам отказ. Не сакам да работам за некој кој ги третира своите вработени како г*мна. Најдов многу подобра работа. Денеска ми беше последен ден, знам дека треба да одработам уште 10 смени, но за*би го ова, и онака нема да се појавам. Одлично е чувството да се каже, за*би го ова, давам отказ”, отпеал вработениот пред клиентите.

На крајот додал дека сепак ќе му недостигаат неговите соработници и сите драги клиенти.

Несекојдневниот начин на давање отказ на Јутјуб собрал речиси половина милион прегледи и стотина коментари на поддршка за незадоволниот работник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг