Погледнете ја првата југословенска реклама направена во 1926-та година...

Точка

14/12/2019

14:30

4.630

Големина на фонт

а а а

Рекламата за пастата за заби “Каладонт“, направена е во далечната 1926-та година во Србија во времето на Кралството Југославија.

Рекламата трае речиси осум минути и ја носи приказната за двете Белграѓанки, Наталија и Милица.

Наталија е локална убавица, мис на плажа, секогаш опкружена со додворувачи додека пак Милица е секогаш осамена и тажна.

Решението на Наталија за проблемот на Милица е токму “Каладонт“ од кој забите ќе ѝ бидат бели како снег.

Оваа реклама всушност е и првиот краток црно-бел филм (може да го најдете и со наслов „Sve radi osmeha“) кој го режирал Јосип Новак по наредба на компанија од Осиек “Saponia“.

Две години подоцна, режисерот Новак требало да снима нова реклама за отворениот рудник Јерма. Но, овојпат тој одлучил да го сними својот прв игран филм преку кој ќе го промовира новоотворениот рудник, а филмот носи наслов “Rudareva sreća“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг