“Ѕирнете“ во новата луксузна вила на Лука Модриќ која чини неверојатни 12 милиони евра...

Точка

14/12/2019

12:50

8.616

Големина на фонт

а а а

Мадритскиот Ас има вила вредна 12 милиони која меѓу другото во својот состав има девет спални соби, салон за масажа, двор за вежбање и базен.

„Лука Модриќ е еден од најважните играчи во историјата на Реал Мадрид, но малку е познато за неговиот приватен живот затоа што освојувачот на Златната топка сака да го држи фокусот на фудбалот“ - го започнуваат текстот за Модриќ, наведувајќи дека е во брак со Вања Босниќ (37) и имаат три деца.

Куќата која ја купил Модриќ е модерна и скапа и го чинела околу 12 милиони евра, а сето тоа го направил преку агенцијата “Promora“ која се занимава со продажба на недвижнини во најлуксузниот дел на Мадрид.

Новиот имот на капитенот на Кралскиот клуб се протега на 10.000 метри квадратни од кои околу 2.700 припаѓаат на самата куќа која во својот состав има и кино со 18 седишта, вински подрум и гаража во која има вкупно 10 автомобили.

Фотографиите од вилата на Лука Модриќ може да ги погледнете ТУКА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг