Еве зошто мистеријата за исчезнатиот малезиски авион никогаш нема да биде решена – сè се крие во овие загубени 18 минути

Точка

13/12/2019

21:16

7.064

Големина на фонт

а а а

Мистеријата на исчезниот малезиски авион на летот “MH370” најверојатно никогаш нема да биде решена бидејќи контролата на летот изгубила контакт со леталото на клучни 18 минути.

За потсетување, авионот со 239 патници летал од Куала Лумпур кон Пекинг на 8-ми март 2014 година, кога изненадно исчезнал од радарот само неколку секунди откако влегол во воздушниот простор на Виетнам. 

Тоа не го забележал тимот од Малезија бидејќи тие имале многу работа, а додека конечно увиделе дека Боингот го нема, претпоставиле дека го презела виетнамската контрола на лет. Виетнамците го воочиле авионот на своите монитори, но тој потоа исчезнал. Меѓутоа, според поединечни извештаи, тие не ги известиле колегите од Малезија за исчезнувањето.


Поминале цели 18 минути пред малезиската контрола да сфати дека едно летало исчезнало од радарот. Малезиската мрежа за безбедност во авиосообраќајот смета дека била преземена контрола над леталото во текот на летот бидејќи одредени промени би можеле да бидат изведени само рачно.

Сепак, ништо не укажува дека некој би можело да упадне во кокпитот и да ја преземе контролата над авионот.

Другите теории за исчезнатиот авион го истакнуваат проблематичниот приватен живот на пилотот Захари Ахмад Шах, поради што постои сомнеж дека тој намерно се убил себеси и патниците.


Анализите на податоци укажуваат дека авионот летал над Индискиот океан пред да остане без гориво и набрзо се срушил во водата. Било како што било, поради 18-минутната “дупка”, случајот “MH370” ќе остане најголемата мистерија во историјата на авијацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг