12-годишна атлетичарка освоила три медали во Најк “патики” кои сама ги направила од завои

Точка

13/12/2019

20:01

5.306

Големина на фонт

а а а

12-годишна атлетичарка од Филипини освоила три златни медали во Најк “патики” кои ги направила сама.

Реа Булос ги направила патиките од завои, а нејзината приказна веднаш се проширила на социјалните мрежи. Таа доминирала на натпреварот “Iloilo Schools Sports Council Meet” на кој освоила три злата во различни дисциплини – била прва во трките на 400, 800 и 1500 метри. 

Фотографиите од нејзините стапала набрзо стигнале и до главниот тренер на еден професионален тим од Филипините. Џеф Каријасо, тренер на кошаркарската екипа “Alaska Aces”, ги замолил своите следбеници на Твитер да му помогнат да ја пронајде младата атлетичарка.

За помалку од два часа, Каријасо ги добил деталите кои ги барал и ја контактирал Реа и нејзиниот тим, а и многу други корисници на социјалните мрежи искажале желба да му помогнат на младото девојче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг