“Денеска е свечен и тажен ден”: Одобрени обвиненијата против Доналд Трамп за негов импичмент

Точка

13/12/2019

17:49

3.688

Големина на фонт

а а а

Одборот на американскиот (во поголем дел демократски) Претставнички дом ги одобри обвиненијата за злоупотреба на власта и мешање во работата на Конгресот против претседателот на САД, Доналд Трамп.

Правосудниот одбор на Конгресот гласал 23 спрема 17 за одобрување на обвиненијата со кои Трамп се товари за злоупотреба на власта на неговиот кабинет за да изврши притисок врз Украина поради истражување на политичкиот ривал – демократскиот кандидат Џо Бајден и неговиот син Хантер кој бил член на одборот на украинска енергетска компанија додека Бајден беше потпретседател.


Панелот исто така одобрил уште едно обвинение со кое Трамп се товари за мешање во работата на Конгресот. 

Претседавајќи со Комитетот, Џери Надлер дал кратка изјава по гласањето велејќи дека “денеска е свечен и тажен ден и дека домот ќе делува многу брзо”, пишува американскиот “CNN”.


Претходно Комитетот одобри посебно обвинение во кое Трамп се товари за злоупотреба на моќ бидејќи се обидувал да ја наведе Украина да го истражи Џо Бајден. Освен ова, станува сè поверојатно дека Доналд Трамп ќе биде третиот претседател во историјата на САД кој ќе се најде во процес на отповикување.

Одобрувањето на обвиненијата за импичмент од страна на одборот претставува сцена за гласање на целиот Претставнички дом следната недела, со што процесот на отповикување ќе биде завршен. Тоа значи дека во рок од неколку недели, Трамп би се нашол на судење во Сенатот кој го контролира републиканското мнозинство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг