Светот е воодушевен од новите фотографии на Наоми Кембел: Таа е на прагот на 50-тата година од животот, а изгледа како божица

Точка

13/12/2019

17:23

3.964

Големина на фонт

а а а

Ерата на нејзината модна доминација сè уште не е завршена – Наоми Кембел секогаш е актуелна, барана и едноставно најдобра.

Модната ѕвезда е заштитно лице на новата кампања на магазинот “I-D” чија насловна страница ја краси во новиот број.  


Постојат луѓе кои едноставно се родени за некоја професија. Така, Наоми е предодредена за манекенство бидејќи секоја модна идеја на неа изгледа уште подобро, поинтересно, поефектно и поубаво.

Она што го осмислуваат дизајнерите и креаторите на модните кампањи, тоа Кембел јасно го прикажува, а комуникацијата помеѓу неа и публиката отсекогаш се одвивала многу лесно.


Импресивната Наоми Кембел останува на тоа ниво и во магазинот “I-D” каде е претставена во разни изданија – од елеганција до екстраваганција, а кампањата е одличен увод во нејзината јубилејна 50-та година од животот.


Познатата манекенка на 22-ри мај наредната година ќе наполни 50 години, а воедно ќе прослави и 43 години на јавната сцена (на 7 години се појавила во спотот “Is This Love” на Боб Марли) и 34 години занимавање со манекенство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk