По нападите на Трамп, пристигна поддршка од поранешната прва дама на САД: “Не дозволувај никој да го угасне твојот сјај”

Кармин

13/12/2019

16:11

4.099

Големина на фонт

а а а

Поранешната прва дама на Америка ѝ испратила порака на Грета Тунберг во која ѝ ја искажала својата поддршка.

Активистката Грета Тунберг се најде на мета на критики од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој ѝ порачал “да се олабави и да оди во кино со пријател”. 

Но, ваквите критики ги надвладеаја бројните пораки на поддршка од познатите луѓе од целиот свет, а сега пристигнала поддршка и од Мишел Обама.

“Грета, не дозволувај никој да го угасне твојот сјај. Како девојчињата кои ги запознав во Виетнам и во целиот свет, имаш многу да понудиш. Игнорирај ги скептичните луѓе и знај дека милиони луѓе навиваат за тебе”, напишала Мишел на својот профил на Твитер.

Многу незјини следбеници искажале поддршка со коментари дека така се однесува еден лидер и дека тој треба да ги поддржува луѓето, а не да ги “фрла во кал”. Мишел е моментално во Виетнам, каде работи со девојчиња во склоп на фондацијата Обама, пишува “Independent”.


Тунберг неодамна ја промени својата биографија на Твитер по прозивката која ѝ ја упати Трамп.

“Тинејџерка која работи на контрола на гневот. Моментално кулира и гледа добар стар филм со пријател”, напишала Грета.

Таа моментално се наоѓа на 100-то место на листата на Форбс за највлијателни жени за 2019 година, додека на првото место се најде германската канцеларка Ангела Меркел.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk