"Ако можат Македонија и Албанија, зошто да не можеме и ние?"

Точка

13/12/2019

15:17

5.077

Големина на фонт

а а а

Некогашниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, смета дека ЕУ може да напредува иако е сочинета од мали држави.

Пучдемон е на потерница во Шпанија поради организирање на референдум за независност на Каталонија пред две години. 

Протести против тој референдум не доаѓале само од Мадрид, туку и од Брисел.

Тогашниот лидер на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјавил дека би било невозможно да се управува со ЕУ доколку има 98 членки, што е бројот кој тој го предвидел доколку на Каталонија и се дозволи да го прави тоа што сака.

"Ни рекоа дека прифаќањето на Шкотска, Каталонија и Фландрија би било премногу компликувано. Можевме да се помириме со тоа, но истовремено ЕУ тежнееше кон проширување на бројот на членки од 28 до 32. Преговараа со Косово, Албанија и Македонија за нивно приклучување", изјавил Пучдемон во интервјуто со поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа.

Разликата меѓу двата случаи е во тоа што споменатите три држави се меѓународно признати. Албанија и Македонија се суверени држави, додека статусот на Косово е спорен, пренесува Russia Today.

Пучдемон додал дека мирниот начин за борба за независност кој тој и неговите приврзаници го спровеле треба да служи како пример. Во спротивно, "единствен начин за стекнување на независност е воен конфликт, проследен со интервенција на меѓународната заедница, како што беше случај со Југославија".

Шпанската влада, според неговите зборови, го направила спротивното кога одлучила да користи сила во ставањето на крај на борбата за независност на Каталонија и осудување на лидерите од тој регион.

Карлес Пучдемон неодамна им се предал на белгиските власти, но одбил екстрадиција во Шпанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг