„Попе дојди, денес никој нема дома“: Лажниот свештеник во мантија пее што им прави на жените кога се сами дома

Точка

13/12/2019

15:17

8.827

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа Фејсбук се појавила снимка која никој не оставила рамнодушен затоа што на неа се гледа маж облечен во мантија на православен свештеник кој пее “по малку вулгарен текст“.

„Кога јас ќе облечам мантија секоја жена ме гледа. Што да правам кога така ми стои. Кога ќе ме види лицето на младата жена, вдовица, веднаш вика: “попе, помини кај мене денес никој нема дома“ - пее тој и продолжува:

„Тука се пие, тука се јаде, жените сакаат млад поп. Мене секогаш истото ми годи, дали ќе умре или ќе се роди... Крштевам, венчам и опевам, сите лелекаат, а јас пеам...“

По повод на оваа снимка се огласила и Епархијата, соопштувајќи го следното:

„Ја известуваме јавноста дека Огњен Јевтовиќ од селото Субељ, лажно се претставува на социјалните мрежи како православен свештеник, појавувајќи се во службена мантија“.

Иако преку надлежното свештенство бил предупредуван тоа да не го прави, тој сепак продолжил со истото. На тој начин, со своето непримерно однесување го нарушил достоинството на црквата и свештенството доведувајќи ја јавноста во заблуда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг