Дека љубовта и врската меѓу мајката и бебето е нераскинлива, доказ се ова мало бебе коала и неговата мајка.
Пред две недели, двете коали, Лизи и нејзиното младенче Фантом биле удрени од автомобил.
На сета среќа, Фантом, како што го нарекле докторите, минало без повреди, додека на Лизи и настрадале белите дробови.
Лизи два пати била оперирана. Операциите минале во најдобар ред, но нејзиното бебе веднаш по операцијата ја прегрнало мајка си и не се одвојувало од неа.
Австралиската зоолошка градина со задоволство се сеќава на овие мали пациенти кои со својата љубов стопиле сечии срца. Настанот останал запаметен благодарение на објавените фотографии, а повторното објавување има за цел да се привлече вниманието кон опасноста во која се наоѓаат овие прекрасни животни во природата.