Жените веднаш по сексуалниот однос мора да одат во тоалет - погледнете зошто

Кармин

13/12/2019

13:39

7.580

Големина на фонт

а а а

Д-р Фредерик Нафтолин, професор по гинекологија и акушерство на универзитет во Њујорк вели дека жените имаат поголем ризик од уринарни инфекции за разлика од мажите.

Мажите имаат подолг мочен канал па кај нив ризикот од стигнување на бактериите до бешиката и развојот на инфекција е многу помал.

Во текот и по сексуалниот однос се зголемува ризикот за влегување бактерии и нивен продор до бешиката, а тој ризик ќе го намали мокрењето веднаш по сексуалниот однос.


Преку мокрењето се исфрлаат голем дел од бактериите кои се нашле во мочниот канал.

„Најчестата инфекција која може да се избегне по сексуалниот однос е инфекцијата на системот за мокрење. До неа доаѓа кога Ешерихија коли од ректумот доаѓа во бешиката низ каналот за мокрење. Резултатот од тоа е почесто и поболно мокрење“ - појаснува д-р Нафтолин.


„Истите правила важат и по интимен однос и кога станува збор за орален секс или пак вагинален секс помеѓу две жени. И во тие ситуации системот за мокрење е изложен на бактерии“ - додал тој.

Исто така докторот напоменал дека не се само жените оние кои се под поголем ризик доколку не мократ веднаш по сексуалниот однос туку истото важи и за мажите. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk