МВР со соопштение за обидот за киднапирање на ќерката на пратеникот Сашко Костов

Точка

13/12/2019

12:34

4.476

Големина на фонт

а а а

Македонските медиуми утрово ја пренесоа веста дека во Кочани имало обид за киднапирање на 7-годишната ќерка на пратеникот на СДСМ, Сашко Костов. Инцидентот се случил додека таа се враќала од училиште.

Сепак, пратеникот Костов утрово изјави дека инцидент имало, но не бил таков како што било пренесено во медиумите. 

Костов за Фактор рекол: "Сомнежи има, но органите си ја работат работата. Се надевам дека ќе завршат за два три дена, по што работите ќе бидат многу појасни“, одговара тој на прашањето дали се сомнева во некого.

Како што пренесуваат медиумите, 7-годишното девојче се враќало од училиште го пресретнало возило со странски регистарски таблички, а непознати лица со локален дијалект му наредиле да влезе во автомобилот. Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.

"По претходно добиена пријава за случајот за кој прашувате превземени се мерки и случајот е расчистен односно приведени се две лица. Констатирано е дека M.Ѓ.(18) и и И.Ј.(18) со патничко возило „БМВ“, управувано од М. Ѓ., се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител", стои во соопштението на МВР по повод овој случај.

Од МВР додале и дека по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни обвиненија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг