Елмас „жртва“ на Гатузо: Нашиот репрезентативец ќе биде продаден во јануари за да се направи место за нов играч од средината ?

Дерби

13/12/2019

12:30

3.888

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Италија и Турција пренесуваат дека авантурата на нашиот репрезентативец Елиф Елмас во Наполи би можела да трае само шест месеци.

Елмас кој ја имаше довербата од Карло Анчелоти наводно не бил посакуван од новиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо кој испратил барање до управата да му се обезбеди потписот на Лукас Тореира од Арсенал.

Доколку Тореира пристигне во јануарскиот преоден рок, тоа речиси сигурно ќе значи и крај на Елмас во Наполи.

„Фанатик“ пренесува дека играчот од средниот ред би можел да го напушти Неапол по само шест месеци, а на Елмас нема да му биде тешко да пронајде нов тим затоа што интересот за него од големите европски тимови се уште е огромен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг