Манчестер Јунајтед во пол позиција за ангажман на англиски репрезентативец откако Ливерпул е пред потпис со Минамино

Дерби

13/12/2019

12:29

2.812

Големина на фонт

а а а

Англискиот медиум „Мирор“ пренесува дека Манчестер Јунајтед во моментов е фаворит да го обезбеди потписот на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Оле Гунар Солскјер по победата над АЗ Алкмар потврди дека во клубот ќе дојдат засилувања во јануари.

За Џејдон Санчо постои голем интерес од клубовите во Англија, но откако Ливерпул е речиси пред комплетирање на трансферот наТакума Минамино станува јасно дека „ѓаволите“ се фаворити за потписот на 19 годишниот фудбалер.

За Санчо се интересираат и Челси и Манчестер Сити, но засега тие не планираат да му понудат примања како што е подготвен да понуди Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ се интересираат и за Кристијан Ериксен од Тотенхем за кого се уште не е јасно дали ќе си замине во јануари или ќе чека на крајот на сезоната да потпише за некој клуб како слободен агетн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг