Шарлиз Терон се појавила во фустан со деколте до папокот: На неа нема силикони, а кога ја виделе сите ѝ се восхитувале

Кармин

12/12/2019

18:45

7.624

Големина на фонт

а а а

Шарлиз Терон, Марго Роби и Никол Кидман се појавиле на промоцијата на новиот филм “Bombshell“ во кој ги глумат новинарките од “Fox“ кои го разоткриле сексуалниот предатор Роџер Ејлс.

Никол за овој настан носела машко одело и кошула закопчана околу вратот со вратоврска додека пак Марго носела женствен фустан.

Најхрабра била Шарлиз која одлучила да носи фустан со деколте до папокот.


Своевремено Шарлиз се гледа дека има добра фигура на телото, а многумина ја фалат поради тоа што не посегнала по трендот на силикони.

Понекогаш во медиумите се појавуваат приказни за посвоениот син Џексон и таблоидските шпекулации за тоа со кој е во врска, но самата таа за својата приватност многу ретко зборува.

Како дете била со многу слаб имунитет, а боледувала и од жолтица поради која имала голем проблем со забите

„Немав заби до моја 11 годишна возраст. Пиев неколку видови антиботици од што забите ми скапаа. Мораа да ги извадат. Воопшто немав млечни заби“ - изјавила актерката во интервју за “The Sun“.


Кога имала 15 години и растела во Јужна Африка, нејзиниот татко кој често ја тепал и покрај сето тоа бил насилен и алкохоличар, се вратил еден ден дома откако со својот брат се опивал и во таква состојба почнал да ѝ се заканува на својата ќерка и сопруга со пиштол.

Почнал да пука, а нејзината мајка го зела своето оружје и возвратила со пукање. Го убила нејзиниот татко и го ранила неговиот брат, а властите утврдиле дека станува збор за самоодбрана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk