Може ли загадениот воздух да влијае на нормалното функционирање на мозокот?

Точка

12/12/2019

16:23

2.294

Големина на фонт

а а а

Загадениот воздух и честичките кои се наоѓаат во него можат да поттикнат промени во мозокот кои наликуваат на Алцхајмер, но воедно можат и да ја намалат способноста на памтење кај старите луѓе.

Претходните истражувања покажале дека изложеноста на загаден воздух го зголемува ризикот од настанување на Алцхајмерова болест и други видови деменции, но сè уште не е јасен механизмот на овој вид загадување кое влијае на мозокот и памтењето.


„Ова е првиот научен труд кој во статистички модел го покажува загадувањето на воздухот поврзано со падот на перформанси и памтењето. Ние се надеваме дека ќе бидат направени интервентни мерки“ - рекол истражувачот Ендру Петкус.

Во истражувањето биле вклучени речиси 1.000 жени на возраст од 73 до 87 години кај кои пет години била набљудувана мозочната активност. Истражувачите исто така ги зеле предвид и информациите за тоа каде живеат жените и податоците за локацијата на тие околини за да можат да ја проценат изложеноста на жените на штетните честички.


Резултатите покажале дека жените кои биле изложени на поголемо ниво на штетни честички имале промена во мозочната структура и опаѓање на когнитивните функции.

„Ова истражување е уште еден дел од сложувалката кој е важен за разбирањето на Алцхајмеровата болест, воочувајќи некои промени во мозокот кои се поврзани со загадениот воздух и намалување на мозочните функции. Секое истражување е чекор поблиску до решавање на проблемите со Алцхајмерова болест“ - изјавил Петкус. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг