Вчера во Стокхолм се собрала кралската елита, а сите очи биле вперени во прекрасната Софија – таа е олицетворение на отменост

Кармин

11/12/2019

16:59

4.987

Големина на фонт

а а а

Ако мислите дека светот на кралската мода завршува со војвотките Кејт и Меган и шпанската кралица Летиција, се лажете.

Припадничките на шведското кралско семејство вчера ѝ задале сериозна задача на британската монархија, барем кога станува збор за модата, појавувајќи се во гала стил на свеченото доделување на Нобеловите награди во Стокхолм. 

Шведската кралица и принцезите блескале во раскошни тоалети, со дијамантски накит и луксузни дијадеми.

Наследничката на престолот, Викторија, била облечена како вистински иден монарх – изгледала помпезно и моќно во асиметрична црнобела креација која дополнително ја украсила со детали од перли, висечки обетки и дијамантски ѓердан. “Шлагот на тортата” била скапоцената тијара која е дел од кралското семејство уште од 1881 година.


Принцезата Софија, сопруга на принцот Карл Филип, била ѕвезда на вечерта во син фустан со голи рамена со кој покажала дека изборот на добра боја значи многу за една креација. Софија била олицетворение на отменост, а особено внимание привлекла нејзината нетипична тијара која ја носела и на венчавката и на која за оваа пригода додала драгоцени камења во тиркизна боја.


Принцезата Медeлин, најмладата од трите деца на кралскиот пар, се одлучила за сатенски фустан со впечатлива циклама нијанса и со проѕирни детали на грбот. Токму како и сите дами, и Мeдeлин носела тијара инспирирана од руски царски дизајн која е во семејството уште од 19-тиот век.


Секако, на церемонијата присуствувала и самата кралица на Шведска – Викторија, чиј избор паднал на гламурозен, софистициран беж фустан со златни тонови и светкави детали. Завршниот печат го дала впечатливата тијара на нејзината глава, изработена во дамнешната 1860 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk