Солскјер конечно со позитивни вести за повредените фудбалери: Се очекува некои да стартуваат против АЗ Алкмар

Дерби

11/12/2019

15:30

1.319

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер покрај резултатската криза која го мачеше до пред дерби пресметките со Тотенхем и Манчестер Сити имаше голема мака и со повредените фудбалери.

Норвежанецот речиси постојано не можеше да смета на најмалку еден клучен фудбалер, а сега конечно пренесе позитивни вести за играчите кои се повредени.

Во стројот се враќаат Немања Матиќ и Диого Далот, со играчите тренираат Ерик Бејли и Тимоти Фосу Менза кои се пред враќање во стројот, а Рохо би требало да се врати следната недела. За Пол Погба се уште не е познато кога ќе се врати, но и тој е многу блиску до приклучување на тимот.

– Далот е назад на целосниот тренинг. Немања исто така. Маркос Рохо се надеваме ќе ни се приклучи следната недела, а Ерик Бејли и Тимоти Фосу Менза веќе тренираат со тимот една недела. Стануваме се подобри и подобри на тоа прашање. Очекувам во јануари да ги имам сите играчи подготвени за настап. Пол не е подготвен за дуелот со АЗ, но и тој не е далеку од враќање на терените, – изјави Оле Гунар Солскјер кој конечно по подолг период дава позитивни информации за повредените играчи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг