Веќе нема дилеми, Рино пристигна во Неапол, наскоро следи промоција

Дерби

11/12/2019

15:19

1.409

Големина на фонт

а а а

Од раководството на Наполи по вчерашниот натпревар со Генк се решија да му врачат отказ на досегашниот стратег, Карло Анчелоти.

Причината за тоа е катастрофалниот старт на сезоната во Серија А по кој Наполи и дефинитивно испадна од трката за титулата во Калчото.

Наследник на Анчелоти речиси сигурно ќе биде Џенаро Гатузо кој утрово пристигна на Неаопол. Популарниот Рино беше фотографиран како пристигнува на аеродромот Каподичино од каде се упати во клупските простории на Наполи за да го потпише договорот кој веројатно ќе биде на шест месеци со можност истиот да биде продолжен.

Фотографиите од неговото пристигнување во Неапол ги објави најпознатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг