Ејупи поради здравствени причини става крај на кариерата на само 31 година: Бев на чекор од голем трансфер…

Дерби

11/12/2019

15:17

1.811

Големина на фонт

а а а

Македонскиот интернационалец и актуелен член на Славен Белупо, Музафер Ејупи е приморан да стави крај на играчката кариера на само 31 година.

Популарниот Музо долги години тресе мрежи во хрватскиот шампионат, а кога беше во најдобра форма, во дресот на Осиек доби здравствени проблеми по кои следуваше пад во формата и кариерата.

Сега, на официјалната страна на клубот од Копривница беше објавено дека Ејупи става крај на фудбалската кариера, а со свој коментар се јави и самиот играч.

– Физички и психички сум навистина уморен. Здравствените проблеми низ кои поминував и низ кои поминувам оставија трага на мене. Иако, што се однесува до тоа, фала му на Бога, се е под контрола и стабилно, тоа не е доволно на тренинзите и натпреварите да бидам на нивото на кое бев. Шест месеци во клубот давав навистина се, до последниот атом на силата, но не одеше. Здравјето е нешто што мора најмногу да го цениме, така што почувствував дека ова е моментот кога треба да кажам збогум на фудбалот, - изјави Ејупи за клупската страница на Славен Белупо.

Како што вели Ејупи, здравствените проблеми се појавиле во најлошиот момент од неговата кариера, кога бил на највисоко ниво.

– Никогаш не зборував за тоа, но се сложувам дека се ми се случи во најлош можен момент. Тогаш го играв најубавиот фудбал, ми беше одлично во Осиек и верував дека чекорев кон голем трансфер. За жал, се случија проблемите со бубрезите по кои ништо не беше исто. Некогаш не ми беше проблем да одиграм два натпревари во еден ден, а сега една интензивна вежба ми е многу проблематична, - изјави Музафер Ејупи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг