Нина Мартина Корбар имала дури 124 килограми кога се појавила во шоуто кое ѝ го променило животот.
Успеала да ослабне дури 40 килограми и дошла до 84, после што продолжила да работи на себе.
Таа учествувала во хрватското шоу „Живот на вага“ минатата година, но и понатаму работи на себе. Вежбањето ѝ станало составен дел од животот, а резултатите од напорната работа на својата линија ги покажала кога ја облекла матурската тоалета од 2010-та година.
„Како ми стои фустанот после 9 години???“, ги прашала Нина Мартина своите Инстаграм следачи.
„Па, не стои, туку виси, но дефинитивно секогаш имала стил и вкус, многу убава тоалета, со оглед на тоа дека е изработена дури пред 9 години“, искоментирала една од следачите.
Инаку, Нина неодамна открила дека на 18 години имала дури 150 килограми, што значи дека после учеството во споменатото шоу речиси се преполовила.
„Да, вистина е - речиси 'две јас' се влезени во мојата матурска тоалета. Ви благодарам на огромната поддршка. Горда сум на својот успех, но и на своите колеги и пријатели од шоуто! Луѓето се пријавуваат на ова шоу и го променуваат својот живот на подобро“, заклучила Нина.