Нови снимки за "Рекет" на YouTube: "Куферот не е кај Заев"

Точка

11/12/2019

21:06

12.246

Големина на фонт

а а а

Откако пред неколку дена на YouTube се појавија снимки наводно поврзани со аферата "Рекет", на истиот канал на оваа популарна интернет платформа се појавија нови аудио-записи.

На снимките повторно се слуша гласот кој наликува на оној на сведокот во случајот "Рекет". Се споменува Врховниот суд и извесен Јово, но и обвинителката Вилма Руковска. 

Гласот вели дека торбата имала GPS, дека не завршила кај Заев, но и дека била шетана надвор од Македонија.

"Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти… Не нè пуштија они. Што зборите вие?"

"Му се јавувам на Зоки, на наш Зоки, Кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука, неќев да зборам. Затоа станав… Како што сте договорени, така е направено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти реко така је и урадио. Никад није био на ниту један састанак освен кад ме позвала тужитељица. Молимте уради да га шта пре позове, да каз.. све како што си му рекао. Велики поздрав њега, велики поздрав..“, вели гласот кој наликува на оној на сведокот во „Рекет".

"Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер", се слуша во објавените записи.

"Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот … ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш е друга приказната.", по што се соговорниците се смеат.

"Тоа не е сè. Ги нема она кога отвора Боки, само го има звукот. 50 се. Само го има звукот. Вика ‘Што е ова 50“, викам, „Капитал, гледаш … бизнисмен’. Јас намерно го знам, го монтирам. "Какви се овие банки да немаат 500 во Македонија’ и тоа го збори", па повторно се слуша смеење.

"Знаеш колку е исшетан тој куфер, колку е изнасниман?“, се слуша од гласот кој личи на оној на сведокот смеејќи се. Сведокот потоа од својот соговорник добива друго прашање: "Кај идел со тој куфер?", на што сведокот одговара: "Во Загреб, во Италија, во к**ови, па со Зоки биле во Милано заедно. Абе Зоки се плеска со него, што е работава? Дејан ги фатил како се лижеле. Јас не сум ги видел. Деки ги фатил како се лижеле. Мене ми кажа друг човек, го е**л овој нашиов за 500 евра, 500 евра од е***е. Три пати ако сакаш. Исти к**ац дали е пи**а. Кај се заработуваат 1.500 дневно бе, каде“, вели гласот кој личи на сведокот од „Рекет“, по што соговорниците велат: „Орце, шокираш, Орце".

Соговорникот прашува "Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?", на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“, одговара другата страна чиј глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО. Потоа, повторно се слуша прашање: „Му ги дал на него?“, па следува нов одговор од гласот кој наликува на сведокот „Не знам, куферот не е кај Заев".

Остатокот од разговорот можете да го слушнете на приложените снимки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг