Празниците се ближат, а младата принцеза Шарлот, ќерка на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, како поклон за Божиќ сака пони, открива извор за странските медиуми.
4-годишната принцеза од прабаба ѝ Елизабета ја наследила љубовта кон коњите, но како што изгледа, желбата нема да ѝ биде исполнета. Кралицата Елизабета на 4 години добила пони со име Пеги, но не смеела да го јава додека не наполнила шест години.
Токму поради таа причина, принцот Вилијам на својата ќерка нема да ѝ ја исполни желбата затоа што смета дека таа сè уште е мала за таков подарок.
Постариот брат на Шарлот, 6-годишниот принц Џорџ е голем љубител на спортот па наводно од родителите побарал нов тениски рекет, пренесуваат британските медиуми.