Бекот на Јунајтед со бруталент твит му фати голем сеир на Лукаку за елиминацијата од ЛШ

Дерби

11/12/2019

11:41

2.003

Големина на фонт

а а а

Ромелу Лукаку навлече доста голем гнев меѓи фановите на Манчестер Јунајтед со своите изјави кои ги даде по трансферот кој го направи во Интер, а една од првите провокации беше тоа што се пофали со играњето во Лигата на шампионите.

Белгиецот всушност сподели и таква фотографија на социјалните мрежи, но само неколку месеци подоцна, истата му послужи на Лук Шо за да му фати огромен сеир на социјалните мрежи. Интер вчера се посрамоти на домашен терен и загуби од вториот тим на Барселона, а со тоа, тимот кој е моментално лидер во Серија А отпадна од елитното друштво и ќе мора да се задоволи со игри во Лигата на Европа, натпреварување во кое Лукаку сега може да се сретне со Јунајтед.

– Добредојде назад…



Спонзорирани линкови

Маркетинг