Облачно и дождливо со температура до 9 степени

Макфакс

11/12/2019

09:56

630

Големина на фонт

а а а

Преку ноќта беше облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови. Утрово во западните планински подрачја има врнежи од снег. Дуваше умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во текот на денот ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг