Не направи гаф само Шекеринска: Тоа не е македонското знаме, но не е ниту знамето на Аризона

Точка

11/12/2019

21:05

25.601

Големина на фонт

а а а

Македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери го посетија американскиот носач на авиони „Хари Труман“.

Шекеринска, Заев и Џафери на носачот на авиони за кој велат дека сега со членството на Македонија во НАТО Алијансата е дел од нашата одбрана, остварија средба со адмиралот Џејмс Фого, прв човек на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО стационирани во италијански Неапол.

Македонската делегација од Неапол на носачот на авиони „Хари Труман“ беше пренесена со транспортниот авион Grumman C-2 Greyhound, кој инаку е дел од ескадрилата за логистичка поддршка VRC-40 "Rawhides" со седиште во Норфолк, Вирџинија.


Токму амблемот на оваа ескадрила на кој е прикажан јавач на коњ на изгрејсонце е аплициран на транспортниот авион со кој македонската делегација беше пренесена на носачот на авиони, нешто што е пракса во американската армија.

Тоа значи дека македонското знаме не е аплицирано на авионот како што вели министерката Шекеринска, но тоа исто така не е ниту знамето на американската сојузна држава Аризона како што пренесоа дел од македонските медиуми кои исто така направија гаф, повикувајќи се на низа на Твитови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг