Анчелоти повеќе не е тренер на Наполи

Макфакс

11/12/2019

09:53

1.009

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти повеќе не е тренер на фудбалерите на Наполи. Наполитанците синоќа го победија Генк со 4:0 и се пласираа во осмина-финалето во Лигата на шампионте.

Пред мечот Анчелоти изјавил дека нема да си поднесе оставка на функцијата, поради што челниците на Наполи решиле по мечот со белгискиот тим да му соопшти дека ја раскинуваат соработката со него.

По дуелот клубот објави соопштение во кое се вели.

„Наполи реши да ја прекине соработката со тренерот на првиот тим Карло Анчелоти. Пријателството и меѓусебното почитување помеѓу клубот, претседателот и Карло Анчелоти ќе останат неизгасени“.

Наполи беше деветтиот клуб во кариерата на Анчелоти. Според медиумите Анчелоти нема долго да остане без работа, бидејќи од наредната недела ќе бил промовиран во нов менаџер на Арсенал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг