Уапсен мексикански министер кој примил мито од нарко-картелите: Добил 5 милиони евра од Ел Чапо?

Точка

11/12/2019

08:51

1.851

Големина на фонт

а а а

Поранешниот мексикански министер за безбедност Џенаро Гарсија Луна е уапсен во САД и обвинет за примање на мито од нарко-картелите.

Гарсија Луна е обвинет дека им овозможил на картелот „Синалоа“ кој го водеше Хоакин Ел Чапо Гузман да работи слободно на територијата на Мексико во замена за повеќе милиони долари, пренесува „БиБиСи“.

Обвинителството открило дека поранешниот министер гарантирал безбедност за картелот при испораката на наркотици, а исто така им овозможил и пристап до чувствителни информации.


Членовите на картелот наводно во два наврати на Гарсија Луна лично му испорачале до пет милиони долари, пари кои биле скриени во две актовки.

52-годишниот Гарсија Луна негираше било каква злоупотреба на неговата службена позиција. Тој инаку на чело на Министерството за безбедност беше во периодот од 2006-та до 2012-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг