Украла штотуку родено бебе и ѝ го 'подарила' на тетка ѝ: Уапсена медицинска сестра во Пакистан, со тројца помагачи!

Точка

10/12/2019

17:42

2.414

Големина на фонт

а а а

Медицинска сестра од Пакистан е уапсена поради сомнеж дека украла бебе од болница за да ѝ го даде на својата тетка која нема деца.

Штотуку роденото девојче е земено од болница. Семејството на почетокот не било свесно дека детето исчезнало, бидејќи никој не ги известил дека жената родила близначки.


Мајката која била во многу лоша состојба после породувањето не знаела дека другото дете го нема. Сè се открило дури кога сфатила дека едно бебе ѝ недостасува. 

Абдул Хамид, кој ѝ е девер на мајката, ја однел во болница. Како што рекол, после породувањето им било дадено едно дете и им било кажано да одат дома, бидејќи сè е во ред. Сепак, тоа бебе кое го однеле дома починало.

„Џамила во петокот кога се опорави праша каде ѝ е другото девојче. Бевме шокирани“, додал тој.


Откако ја откриле вистината, уапсена била медицинската сестра која била дежурна вечерта кога било породувањето.

Ѝ помогнале двајца колеги, а детето ѝ го дале на нејзината тетка која е во брак 17 години, но без деца. Уапсени се вкупно четири жени. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг