Скопје во тек со светските трендови: Колку е важен квалитетот во градбата на една зграда?

Точка

11/12/2019

13:20

6.501

Големина на фонт

а а а

Градењето на нови објекти во Скопје последните години е значајно зголемено, но колку се посветува внимание на квалитетот при градење е често поставувано прашање.

Дали постои идеално решение кое ќе ни обезбеди дом, а воедно ќе се грижи за нашата околина и дополнително ќе ни ги намали трошоците на електрична енергија? Токму тие решенија се дел од мисијата и визијата на Мега Акустик.  


Кој и зошто?

Мега ги бележи своите почетоци во 1992 година во Куманово, а Акустик во 2004 година во Скопје. Долгогодишно искуство во понудата на градежните производи и амбицијата за креирање се само дел од причините за партнерството Мега Акустик. 


Во нивното портфолио, влегува станбено деловниот комплекс Gradia Home, и деловниот објект Mega Mall. Последното дело креирано од тимот на Мега Акустик, кое привлече многу внимание во последниов период е станбено деловниот комплекс Урбан Гарден.


Зошто Урбан Гарден?

Самото именување на комплексот е инспирирано од предвидените пространи зелени површини (1232 м2). Тие се состојат од жардинери и високо зеленило во партерот, и ниско кровно зеленило помеѓу станбените објекти.


Она кое што го прави УГ погодно место за живеење е непосредната близина на едукативни, културни и трговски установи. До центарот на само 20 минути пешки, 5 мин со автомобил и доколку сакате навистина урбано да стигнете, 5 минути со тротинет или велосипед. 


УГ располага со зелен покрив кој има корисен ефект на ладење – намалувајќи, па дури и спречувајќи го објектот да се прегрее. Зелениот покрив складира вода од дожд, која при испарување ја ослободува добиената топлина во амбиенталниот воздух, додека ја лади структурата.  


А класа енергетска ефикасност  

Големо внимание од страна на Мега Акустик при креирањето на УГ е посветено во интегрирање на уникатен архитектонски стил со ефикасност во решавање на современите потреби на луѓето.

Греењето и ладењето е решено со мулти-сплит систем, еколошки дизајниран, со технологија на ниска фрекфенција на инверторот што значително ја намалува потрошувачката. Енергетски термо блокови, прозорци со трослојно стакло, и слично се дополнителни одлики на УГ кои придонесуваат за економичност и заштита на околината. 


Прочитајте повеќе за материјалите за градба:

https://www.urbangarden.com.mk/soveti/

Погледнете повеќе на веб-страната на Урбан Гарден, воедно и на социјалните медиуми (Фејсбук и Инстаграм) на станбено-деловниот комплекс.  


Контакт со продажен агент:  

? 070/409-993

? 070/308-328

? 078/269-823

? 072/227-002



Спонзорирани линкови

Маркетинг