Клоп: Секогаш одиме по потешкиот пат

Точка

10/12/2019

15:30

1.184

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека натпреварот против Салцбург ќе биде најважниот во животот на неговите играчи.

Ливерпул моментално е лидер во групата „Е“ со бод повеќе од Наполи и три од Салцбург, меѓутоа сите три екипи и натаму имаат шанси за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

„Минатиот пат ремизиравме со Наполи, додека Салцбург прилично убедливо дојде до победа. Секогаш мораме да одиме по потешкиот пат, не се сеќавам дека еднаш сме можеле да земеме здив една седмица претходно. Но, барем се навикнавме на тоа“, изјави Клоп и додаде:

„Знаеме дека тие ќе дадат се од себе за да не победат затоа што тоа единствено им овозможува пласман во следната фаза. Ние нема да се задоволиме со бод. Ние сме лудо амбициозни, ќе се бориме до самиот крај. Не чека најважниот натпревар досега“, изјави Јирген Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг