Благајничката на Камчев открива: Во неговиот дом однесов торби со 710 илјади евра

Точка

10/12/2019

14:42

5.212

Големина на фонт

а а а

По Ана Камчева, на денешното рочиште за случајот рекет сведочеше и девизниот референт благајник на „Орка Холдинг“, Мирјана Бошковска.

На прашањето на обвинителката Вилма Русковска, благајничката на Камчев откри дека во декември 2018-та и февруари 2019-та година извадила поголема сума на пари од приватните сметки на Ана и Ратка Камчеви.

„Извадив 12 милиони денари, 5 милиони евра и нешто повеќе од 5 милиони денари“, откри Бошковска која додаде дека во февруари извадила поголема сума на пари.

„Во еден ден, во два наврати, извадив 18 милиони денари од сметката на Кристина, сестрата на Орце Камчев, и 21 милион денари од сметката на Ратка Камчева. Со обезбедување ги однесов во домот на Камчев и влеговме од задната врата. Влеговме во кабинетот на Камчев, и ги пребројавме парите. Ги средивме, направивме спецификација, и парите ги ставивме во торба. Потоа обезбедувањето ме однесе“, изјави Бошковска, пренесува „Фокус“.


Бошковска изјави дека околу 80% од парите биле со банкноти од по 50 евра. Меѓу другото, нагласи дека не го видела Бојан Јовановски.

Откако Јовановски ја запраша во што ги однела парите во домот на Орце Камчев, Бошковска изјави дека парите ги пренела во две спортски торби и станувало збор за вкупна сума од 710 илјади евра.

Следното рочиште за „Рекет“ е закажано за 25 декември кога ќе треба да сведочат Зоранчо Митровски, Влатко Бошков и Томе Главчев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг